Што е корупција?
Зборот „корупција“ (од латински „corruptus”: подмитлив, изопачен) значи нелегално, лошо или неправедно однесување, особено од страна на луѓе, коишто имаат моќ со цел да стекнат финансиски, материјални или нематеријални (општествени) предности без соодветна услуга и со негативни последици за „партнерот“ или општеството во целина. Политикологот Харолд Д. Ласвел ја дефинира корупцијата како уништувачки чин, што му наштетува на јавниот интерес, а во полза на специфична корист во позиција на јавна или граѓанска одговорност.

Корупцијата како негативно општествено однесување била отсекогаш присутна во сите општества. Не постои сеопфатна и општо прифатена правна дефиниција на корупцијата –постојат големи разлики во општествата и епохите. Но, постојат повеќе општо усогласени интерпретации: поимот „корупција“ најчесто се однесува на:

• „Злоупотреба на јавната функција за приватна корист“;
• „Корупцијата е врска, заснована на злоупотреба на позицијата во јавната администрација и во приватниот сектор заради остверување лична корист и корист за друго лице“ со нагласка на фактот дека коруптивното однесување не се забележува само и сиклучително во јавната администрација;
• „Корупцијата е однесување на лица и/или јавни службеници, коишто прекршувајќи одредени права и должности ги злоупотребуваат нивните позиции за лична корист.“ (Обединети нации);
• „Корупцијата претставува главната закана на владеењето на правото, принципите на демократија и човековите права, системот на добро управување, фер општеството и општествена правда, еднаквата конкуренција; корупцијата го оневозможува економскиот развој и затоа ја загрозува стабилноста на демократските институции и фундаменталните морални принципи на општеството” (Преамбула на Конвенцијата за кривичното право за корупција, Совет на Европа, 1999).
• „Корупцијата го оневозможува економскиот развој и затоа ја загрозува стабилноста на демократските институции и фундаменталните морални принципи на општеството” (Конвенцијата за кривичното право за корупција, Совет на Европа, 1999).

Корупцијата е (и отсекогаш била) присутна во сите земји, но размерите и штетата од неа значително се разликувале. Значи, намерата заложбите и ефикасноста да ја пресретнат корупцијата на сите општествени нивоа како и често пати разорните штети, што им ги причинува на многу индивидуи, групи и на општеството во целина, значително се разликуваат од земја до земја.
Како независна невладина меѓународна иницијатива за мониторинг на светската ситуција, Транспаренси Интернешнал заедно со нејзините многубројни регионални гранки, редовно објавува евалуациски извештаи за нивото на корупција и за интензитетот во борбата против корупцијата во светот. Глобалниот „Индекс на Транспаренси Интернешнал“ има се поголемо значење и претставува моќна алатка за борба против корупцијата во целиот свет.