Корупцијата има многу лица.
Корупцијата може да изгледа многу мала, како дел од секојдневниот живот и наизглед незабележителна (со што не се смета за криминал) или пак може да се појави во спектакуларна форма, кога се работи за милиони денари или евра. Корупцијата може да биде:
Давање или примање подароци со очекување на сегашни или идни противуслуги;
Барање или давање мито;
Примање мито;
Злоупотреба на службените должности;
Тргување со или барање влијателни позиции;
Откривање деловни тајни или пак вредни тајни;
Измама во вршењето на функциите;
Перење пар;
Злоупотреба на средства.

Може да се најде на сите општествени нивоа: Постојат спектакуларни случаи на највисоките и највлијателните општесвени нивоа, на пр. во владините и јавните институции како и во деловниот сектор. Но, исто така може да се најде и во секојдневниот живот на луѓето, притоа загрозувајќи го – или преку активно учествување во корупциско однесување или како доживеана штета, што се јавила од корупција во приватната или општествената сфера. Корупцијата причинува огромни штети: Особено во јавната администрација и во судскиот систем корупцијата предизвикува високи материјални, но и нематеријални штети (вклучително масовно губење на довербата на граѓаните). На пример, фирмите можат да добијат тендер, и покрај тоа што нудат поскапа или понеквалитетна услуга, споредено со тие коишто би биле избрани во објективна и транспарентна тендерска постапка.

Бенефитите, што им се нудат на одговорните актери, обично се вклучуваат во конечната фактура што треба да се плати. Затоа, во списокот на услуги ќе бидат вклучени и оние услуги, што не биле обезбедени, или пак биле обезбедени на потребното ниво. Финансискиот товар од таквото однесување може да биде огромен, а него на крајот ќе мораат да го понесат даночните обврзници. Злоупотребата на јавната функција заради лична корист е во спротивност со општото добро!