Корупцијата може да изгледа многу мала, како дел од секојдневниот живот и наизглед незабележителна (со што не се смета за криминал) или пак може да се појави во спектакуларна форма, кога се работи за милиони денари или евра.

Корупцијата може да биде:
Давање или примање подароци со очекување на сегашни или идни противуслуги;
Барање или давање мито;
Примање мито;
Злоупотреба на службените должности;
Тргување со или барање влијателни позиции,
Откривање деловни тајни или пак вредни тајни;
Измама во вршењето на функциите;
Перење пари;
Злоупотреба на средства.

Во многу земји давањето мито во здравството е секојдневна појава заради добивање на посакуваната или неопходната медицинска грижа или на покусо (или соодветно) време за изведување операција. Додека коруптивното однесување во повластена позиција може да ги стави оние што подмитуваат, од друга страна доведува до масовни негативни последици за оние кои не можат (или одбиваат) да платат.

Слични се последиците по другите сектори поради коруптивното однесување: судовите, образованието и полицијата. Важно е да се спомене, дека повеќето кои работат во овие сектори се однесуваат одговорно, но исто така има и „црни овци“. Борбата против корупцијата во оваа смисла означува: охрабрување на членовите на оваа прва група што повеќе да ги обесхрабруваат оние вторите или пак целосно да ги спречат во нивното недозволено дејствување.

Општо корупцијата придонесува кон помали или полоши услуги на организациите, туркајќи ги истовремено цените нагоре. Светската банка пресметала дека секој човек на глобално ниво мора да „плати“ 7 насто од неговата финансиска заработка за штетите од корупцијата.