Оваа веб страница беше создадена во 2015 година како дел од иницијативата на Европската Унија за поддршка во ефикасната превенција и борбата против корупцијата во земјата. Ова е централниот елемент во новата јавна кампања „Пресечи го кругот“, што ја спонзорира и ја овозможува Европската Унија. Кампањата е дел од заеднички твининг проект, што започна 2014 година, а ќе трае до 2016, а заеднички го спроведуваат Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и германската Сојузна служба за администрација. Целта е да се постигне ефикасно спроведување на анти-корупциските политики како и дополнително да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото.

Една од целите е и подобрување на спроведувањето на домашната правна рамка за борба против корупцијата, зајакнување на домашните механизми за спречување и борба против корупцијата, подобрување на соработката меѓу ДКСК, судовите, агенциите за спроведување на законите и другите релевантни институции, што работат на спречување, откривање, гонење и санкционирање на кривични дела од областа на корупцијата. Активностите ќе резултираат во консолидирана правна рамка како и во унапредена меѓуинституционална соработка во спречувањето и борбата против корупцијата.